
Денеска, во раните утрински часови, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во координирана акција со комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи, спроведоа вонреден инспекциски надзор над двите продавачи на земјоделски производи, лоцирани долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, на потегот од трговскиот центар Мавровка до Бит пазар. Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук.
Одземена е храна во количина од околу 500 килограми ( најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена на пешачките и велосипедските патеки.
Во заедничка акција со СВР Гостивар, вчера, официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство на приватен имот во село Чајле, запленија и на депонијата Русино нештетно уништија 150 килограми месо со изминат рок, без декларација и со непознато потекло.













