
Компанијата ЕВН упати итно предупредување до граѓаните за детекција на лажни електронски пораки (phishing e-mail), кои се испраќаат од страна на неовластени лица со злоупотреба на името и брендот на компанијата.
Според информациите од ЕВН, измамниците лажно се претставуваат во име на компанијата, а пораките може да содржат малициозни линкови или опасни прилози со цел да дојдат до доверливи информации од граѓаните.
Од ЕВН апелираат до корисниците на зголемена внимателност и ги советуваат граѓаните:
• да не отвoрате сомнителни пораки, линкови или прилози;
• да не споделувате лични, кориснички или платежни податоци;
• доколку се сомневате во автентичноста на пораката, да не преземате никакви активности











