
Искусни професионалци од Македонија добиваат можност за усовршување на Универзитетот Квинс во Канада
Скопје, 30.09.2026 – Mакедонија2025 го објавува новиот отворен повик за стипендии за образовната програма за извршно образование во Канада за 2027 година, наменета за искусни професионалци, менаџери и лидери кои сакаат да ги унапредат своите лидерски и стратешки вештини и да стекнат нови знаења применливи во нивните организации.
Преку оваа програма, Mакедонија2025 ќе додели до 6 деловни стипендии за учество на еднонеделни интензивни образовни програми на Смит Бизнис школата при Универзитетот Квинс, која се наоѓа во Кингстон, Канада.
Кандидатите ќе имаат можност да изберат една од две програми:
- Програма за лидерство
- Програма за стратешко извршување
Програмата е наменета за средно и високо раководно ниво, директори, претприемачи и искусни професионалци со најмалку пет години релевантно работно искуство, кои имаат желба за континуиран професионален развој и примена на новите знаења во своите компании и организации.
„Развојот на лидерските капацитети е клучен за создавање силна и конкурентна деловна заедница. Со оваа програма Македонија2025 создава можност успешни професионалци од Македонија да стекнат нови перспективи, да се поврзат со меѓународна заедница и наученото да го применат во својата работа,“ велат од Mакедонија2025.
35 професионалци веќе се дел од заедницата на учесници
Од започнувањето на програмата, 35 искусни професионалци од Македонија ја имаат завршено програмата во Канада и денес се дел од растечката заедница на алумни на Mакедонија2025.
Учесниците доаѓаат од различни индустрии и професионални области, а програмата им овозможила: развој на лидерски и стратешки вештини; стекнување нови знаења и практики од меѓународна средина; размена на искуства со професионалци од различни земји; создавање нови професионални контакти и примена на наученото во нивните организации.
Покрај образовниот дел, стипендистите ќе имаат можност да се поврзат и со заедницата на Mакедонија2025 во Канада, преку средби и активности со успешни професионалци и членови на македонската деловна заедница во Канада.
„Програмата беше можност да го прошириме начинот на кој размислуваме за лидерството“
„Учеството во програмата на Универзитетот Квинс во Канада беше многу повеќе од само образовно искуство. Тоа беше можност да се запознаам со нови начини на размислување, да разменам искуства со професионалци од различни индустрии и да стекнам нова перспектива за лидерството и развојот на организациите. Најголемата вредност ја гледам во можноста наученото веднаш да се примени во секојдневната работа, но и во контактите и пријателствата кои продолжуваат и по завршувањето на програмата.“ сподели учесник на програмата за лидерство во Канада.
За програмата
Образовната програма во Канада се реализира во соработка со Смит Бизнис школата при Универзитетот Квинс во Кингстон, Канада, една од водечките институции за развој на менаџери и лидери во Канада, но и меѓународно.
Програмата нуди интензивно учење, практични примери, интеракција со професори и професионалци од различни средини, како и можност за создавање долгорочни контакти. Избраните учесници ќе имаат можност да учат во динамична меѓународна средина и стекнатите знаења да ги применат во своите организации.
Заинтересираните кандидати можат да ги проверат критериумите и да аплицираат најдоцна до: 23 октомври 2026 година
Повеќе информации и пристап до апликацијата: https://macedonia2025.com/en/news/open-call-scholarships-macedonia2025-executive-education-program-canada













