
Европските берзански индекси денес се претежно во пад, при што цената на суровата нафта од типот Брент се искачи на речиси 100 долари за барел, а инвеститорите се претпазливи поради комбинација од фактори како што се високите приноси на државни обврзници, стравот од постојано висока инфлација и влијанието на војната на Блискиот Исток врз цените на енергијата.
Приносот на американските 10-годишни обврзници се искачи на нивоа невидени од 2007 година, а приносите се зголемија и во Германија, Франција и Велика Британија, објави Ројтерс.
Податоците за повисоката септемвриска инфлација во клучните европски економии ги зајакнуваат стравувањата дека централните банки ќе мора да ги одржуваат каматните стапки на високо ниво подолго од претходно очекуваното.
Германскиот DAX се намали за 0,93 проценти, францускиот CAC 40 за 1,02 проценти, британскиот FTSE 100 за 1,62 проценти, италијанскиот FTSE MIB за 0,99 проценти, додека исклучок е московскиот IMOEX со раст од 0,29 проценти.
Вредноста на еврото на Форекс пазарот изнесуваше 1,13148 долари.
Цената на златото се искачи на 4.173,22 долари за тројанска унца, додека пченицата забележа вредност од 6,7877 долари за бушел (27,216 кг).











