Во ЕУ и Еврозоната има 13,6 милиони невработени

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во Еврозоната изнесуваше 6,4 проценти во август, иста како и во јули, додека кај младите под 25 години таа малку се намали од 15,1 на 15 проценти, објави денес Евростат.

Низ цела Европска Унија, невработеноста исто така остана непроменета на месечна основа, на 6,1 процент, се додава во извештајот.

Евростат проценува дека во август во Европската унија имало 13,6 милиони невработени, од кои 11,35 милиони биле во Еврозоната.

Во споредба со јули, бројот на невработени во Европската Унија се зголеми за 26.000, а во Еврозоната остана на 12.000.

На годишно ниво, сепак, бројот на невработени се зголеми во јули за 348.000 во Европската Унија и за 267.000 во Еврозоната.

Стапката на невработеност кај жените во Еврозоната е 6,7 проценти, а стапката на невработеност кај мажите е 6,2 проценти.

Меѓу најголемите економии на Еврозоната, најниски стапки на невработеност во август се регистрирани во Германија и Холандија, од по четири проценти, додека највисоки вредности се регистрирани во Шпанија од 10 проценти, Франција од 8,2 проценти и Италија од 6,2 проценти, според веб-страницата на Евростат.

Нови податоци за пазарот на трудот во Еврозоната и Европската Унија ќе бидат објавени на 30 октомври.