
Аналитичарите очекуваат дека добивката на водечките европски компании во третиот квартал ќе се зголеми за 19,4 отсто во однос на истиот период лани, но растот ќе биде побавен во однос на вториот квартал, покажаа податоците на агенцијата LSEG.
Растот најмногу ќе биде поттикнат од енергетскиот сектор, чиј профит би требало да биде поголем за 98,6 отсто, по растот од 138,6 отсто во вториот квартал, пренесе Ројтерс.
Според аналитичарите, енергетските компании имаат корист од повисоките цени на горивата, додека цената на нафтата брент порасна за околу 14 отсто во септември, а рафинериските маржи на дизелот достигнаа рекордни нивоа.











