Пазарната вредност на Nvidia се искачи на речиси шест трилиони долари

Акциите на американскиот производител на чипови „Нвидија“  денес пораснаа за 2,9 проценти, што ја зголеми нејзината пазарна вредност на речиси шест трилиони долари.

Пазарната капитализација на компанијата сега е околу 5,7 трилиони долари, што е помалку од 300 милијарди долари помалку од границата од 6 трилиони долари.

Доколку ја достигне, „Нвидија“ ќе биде првата компанија во историјата со таква пазарна капитализација, објавува „Блумберг“.