Ербас испорача околу 72 авиони во септември, речиси исто како и минатата година

Европскиот производител на авиони „Ербас“ испорача околу 72 авиони во септември, речиси достигнувајќи го минатогодишниот број од 73, што го ублажи влијанието на неодамнешните проблеми со производството, објави дене „Ројтерс“ врз основа на информации од индустриски извори.

„Ербас“ одби да коментира за прелиминарните бројки за испораки пред објавувањето на месечниот извештај за производството, кој е закажан за 8 октомври.

Доколку се потврди, септемврискиот резултат ќе биде подобар од проценките на аналитичарите, кои ги следеа испораките и ги проценија на помеѓу 60 и 70 авиони.