Управата за јавни приходи (УЈП) упати итно предупредување до сите граѓани за појава на лажни СМС пораки кои содржат обид за измама и злоупотреба на лични и финансиски податоци.
Во текот на денешниот ден до граѓаните пристигнуваат лажни SMS пораки во име на Управата за јавни приходи (УЈП), со следниот текст: „Потсетник на UJP: Статутот на вашата сметка за социјално осигурување е абнорамaлен. Препорачуваме да го решите проблемот што е можно поскоро“, заедно со приложен линк.

Доколку ја добиете оваа порака, НЕ ГО ОТВОРАЈТЕ ЛИНКОТ и не внесувате лични, банкарски или други чувствителни податоци.
Станува збор за порака која може да биде обид за измама и злоупотреба на лични и финансиски податоци.
Споделете го ова известување со вашите блиски за да се спречат можни злоупотреби