
Кинеските компании продолжија да доминираат на глобалниот пазар на батерии за електрични возила, со вкупен удел од 73,3 проценти во првите осум месеци од оваа година, додека двата најголеми производители, CATL и BYD, заедно држеа повеќе од половина од глобалниот пазар.
Според податоците од јужнокорејската истражувачка компанија SNE, вкупно 844,2 гигават-часови (GWh) батерии се инсталирани во целосно електрични, plug-in хибридни и хибридни возила од јануари до август, што е за 19,7 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.
Најголем производител беше кинескиот CATL, со 333 GWh инсталирани батерии и пазарен удел од 39,4 проценти, објавува порталот CnEVPost.











