Францускиот пазар на облека го забележа најлошиот септември во последните пет години

Продажбата на облека во Франција се намали за 17,6 проценти во септември во споредба со истиот месец минатата година, што е најлош резултат во последните пет години, објави денес Трговската алијанса.

Податоците вклучуваат повеќе од 70 брендови и повеќе од 10.000 продавници, објави Фигаро.

Особено погодена беше детската облека, чија продажба се намали за 27,4 проценти, додека продажбата на палта и јакни се намали за 45 проценти.