Директорката на ММФ Георгиева ги повика земјите да го намалат долгот и да ја регулираат вештачката интелигенција

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, изјави дека земјите ширум светот треба побрзо да го намалат јавниот долг и да одговорат на растечката нееднаквост, бидејќи се соочуваат со последиците од ширењето на вештачката интелигенција, високиот долг и војните на Блискиот Исток и Украина.

„Повеќе не можеме да ги одложуваме потребните мерки – ги имате алатките, сега покажете мудрост да ги користите“, рече Георгиева во говорот во Сингапур пред есенските состаноци на ММФ и Светската банка во Бангкок следната недела, објави АП.

Таа предупреди дека прекумерниот долг е растечки товар и за богатите и за земјите со ниски приходи, кои мора да избираат помеѓу инвестирање во јавна благосостојба и отплата на долгот во средина со високи каматни стапки.