
Европската Унија разгледува воведување данок за големите компании, што би ги вклучило и големите американски технолошки компании, во обид да ги зголеми приходите на ЕУ и во исто време да избегне негативна реакција од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, објави денес „Фајненшл тајмс“ (FT).
Европската комисија разгледува нови начини за зголемување на приходите од технолошките компании како Apple, Meta и Google, без да ги издвои, објави весникот, повикувајќи се на шест функционери запознаени со разговорите.
Брисел разгледува измени во предлогот „Корпоративни ресурси за Европа“ (CORE), според кој сите компании што работат во ЕУ и генерираат годишен приход од над 100 милиони евра би плаќале годишен фиксен данок, според FT.
Според сегашниот предлог за CORE, овие компании би плаќале годишна фиксна стапка помеѓу 100.000 и 750.000 евра, што би покривало само мал дел од профитот на мултинационалните компании.
„Некои главни градови се противат на дигиталниот данок само затоа што не сакаат да ги вознемири Американците, додека многу други се противат на CORE. Решението е да се прошири на речиси сите големи компании“, изјави функционер на ЕУ за британскиот весник.











