BYD: Геополитиката е најголемиот предизвик за експанзија на бизнисот

Најголемиот предизвик за експанзијата на кинескиот производител на електрични автомобили BYD е геополитиката, изјави Стела Ли, извршен потпретседател на компанијата.

Нејзината изјава дојде неколку месеци откако претседателот на BYD, Ванг Чуанфу, ја објави амбицијата на компанијата да стане најголем светски производител на автомобили во следните пет години, објави Ројтерс.

Ли истакна дека геополитичките тензии во моментов се најголемата пречка за глобалната експанзија на BYD, која брзо го зголемува своето присуство на странските пазари.