Светската банка доби нов извршен и финансиски директор – ќе раководи со билансот и издавањето обврзници

Светската банка денес објави дека го назначи Дејвид Вајант за извршен и финансиски директор.

Вајант ќе биде задолжен за финансиско управување, благајничко работење и управување со ризици во рамките на билансот на состојба на Светската банка, како и за издавање обврзници, објавува Ројтерс.

Тој доаѓа во гореспоменатата финансиска институција по две децении поминати во француската банка БНП Париба, каде што имал неколку менаџерски позиции во областа на финансиите и стратегијата.