Цените на градење станови во Германија пораснаа најсилно во последните три години

Цените на становите повторно значително пораснаа во Германија, најсилно во последните три години, објави Дестатис во петокот.

Изградбата на станбени згради во август беше за 5,5 проценти поскапа отколку 12 месеци претходно, а во тримесечниот период помалку подложен на осцилации, се зголеми за еден процент.

Во споредба со претходната година, покривните работи се зголемија за 7,6 проценти, столаријата за 7,2 проценти, а ѕидарските и бетонските работи малку помалку, за 4,2 и 4,3 проценти, соодветно.

Цената на внатрешните работи првенствено е предизвикана од трошоците за електрични инсталации и инсталацијата на системот за греење. Одржувањето на станбените згради се зголеми за шест проценти во споредба со претходната година.

Градежните работи станаа поскапи со стапка значително повисока од стапката на инфлација, која во август изнесуваше 2,9 проценти.

Порастот на цените не влијае само на домувањето. Според статистичарите, изградбата на патишта се зголеми за 6,9 проценти, а деловните згради за 5,7 проценти.