
Силните инвестиции во инфраструктурата за вештачка интелигенција (ВИ) го одржуваат глобалниот раст на околу три проценти и носат значајни придобивки за многу азиски економии што снабдуваат хардвер, како што е Тајланд, изјави во понеделник директорката на ММФ, Кристалина Георгиева.
Бранот инвестиции во вештачка интелигенција претставува „шок на побарувачката и инвестициски шок“ што би можел да го зголеми растот на развиените економии во регионот за половина до еден процентен поен, а на економиите во развој во Азија за 0,2 до 0,8 процентни поени.
„Токму ова поместување кон повисока брзина го одржува растот на светската економија на ниво од околу три проценти, и покрај фактот дека сме забавени од шокот во снабдувањето со енергија“, истакна Георгиева на годишните состаноци на ММФ и Светската банка во главниот град на Тајланд.
Годишните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка започнуваат денес и траат до 18 октомври.
Меѓу главните теми се последиците од војната на Блискиот Исток и влијанието врз цените на енергијата и дизелот, високото ниво на глобален долг; цените на вештачките ѓубрива и климатските феномени како што е Ел Нињо и нивното влијание врз економијата.
Се очекува околу 18.000 луѓе да присуствуваат на состаноците оваа недела, вклучувајќи финансиски претставници од 191 земја-членка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).











