LVMH, ASML и американските банки во фокусот на инвеститорите

Инвеститорите ќе ги следат резултатите на француската групација за луксузни стоки LVMH и холандскиот производител на полупроводничка опрема ASML оваа недела, како и кварталните резултати од американските банки, а особено внимание ќе привлечат економските перспективи на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и податоците за инфлацијата во САД.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе ги објави своите нови прогнози во вторник, како дел од годишните состаноци на ММФ и Светската банка во Бангкок.

Состанокот се одржува во услови на високи трошоци за енергија, рекорден јавен долг, нестабилност на пазарот на обврзници и зголемување на каматните стапки, објавува „Трејдинг економикс“.

Во Европа, инвеститорите ќе се фокусираат на конечните податоци за инфлацијата во еврозоната, индустриското производство и надворешната трговија.

Се очекува конечните податоци да потврдат забрзување на годишната инфлација во еврозоната на 3,8 проценти во септември.