
Германските големопродажни цени во септември се зголемија за 8,7 проценти на годишно ниво, што претставува забрзување во споредба со растот од 6,8 проценти во август и 5,3 проценти во јули, објави денес Германскиот федерален завод за статистика (Дестатис).
Цените на големо во Германија бележат раст на годишно ниво 22 месеци по ред, а главни двигатели се цените на енергијата и суровините, се додава во соопштението.
Најголем пораст на цените во септември е забележан кај нафтените деривати, кои се зголемија за 48,8 проценти, како и кај рудите од обоени метали, обоените метали и полупроизводите од обоени метали, каде што растот изнесуваше 24,9 проценти.











