Велика Британија забележа економски раст во август и покрај проценките на економистите за пад

Британската економија порасна во август за 0,1 процент во споредба со претходниот месец, и покрај очекувањата на економистите дека ќе забележи пад, објави денес Британскиот завод за национална статистика.

Дополнително, последователно ревидираните податоци покажаа дека економскиот раст во претходните месеци бил посилен од првично проценетиот, објави Sky News.

Бруто домашниот производ (БДП) порасна за 0,7 проценти во трите месеци што завршија во август, во споредба со претходните три месеци.