Flydubai ќе лета трипати неделно меѓу Дубаи и Скопје

Во рамките на работната посета на Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остварил средба со главниот комерцијален директор на Флајдубаи, Хамад Обаидала. Од МНР велат на средбата било официјално потврдено дека од март Флајдубаи ќе воспостави директна авионска линија Дубаи–Скопје, со три лета неделно.

Во фокусот на разговорите биле можностите што директната авиолинија ги отвора за натамошно унапредување на економските и трговските врски, привлекување инвестиции, како и за зајакнување на туристичката и културната соработка меѓу двете земји.

-Министерот Муцунски оцени дека воспоставувањето на директната линија претставува конкретен резултат од активната економска дипломатија и заложбите за подобра меѓународна поврзаност.