
Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) објави дека нејзините членови постигнале договор за ослободување на уште 100 милиони барели нафта и деривати од резервите, како дел од интервенцијата започната во март.
Членовите ќе го забрзаат пласирањето на нафта и деривати на пазарот, што вклучува 20 милиони нафта и дизел што треба да бидат испорачани на пазарот „што е можно поскоро“, изјави ИЕА по состанокот на Одборот на директори.
Како дел од заедничката акција, ИЕА пласираше околу 330 милиони барели нафта на светскиот пазар од март.











