
Европските земји нема да можат да го надоместат недостигот на гас откако се откажаа од увозот од Русија, а последиците од забраната за руски течен природен гас (LNG) од 1 јануари 2027 година ќе ги сносат европските потрошувачи преку повисоки цени, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак.
Новак, на маргините на меѓународниот форум „Руска недела на енергија“ во Москва, изјави дека можноста за компензација на недостигот на гас е ограничена поради затворањето на Ормутскиот теснец и прекинот на работата на катарската централа по нападот во март.
„Убедени сме дека засега нема начин да се надомести недостигот. Ормутскиот теснец е затворен, а централата во Катар престана да работи по нападот во март“, рече Новак, пренесе ТАСС.










