Промени на врвот на Боинг: Директорот за глобална продажба се пензионира

Бред Мекмален, потпретседател на американскиот производител на авиони „Боинг“, задолжен за глобална продажба и маркетинг, се пензионира во декември оваа година, а ќе го наследи Рајан Вир, кој моментално управува со продажбата на северноамериканскиот пазар.

Оваа информација ја објави „Ројтерс“, повикувајќи се на интерниот меморандум на компанијата.

Мекмален одигра важна улога во закрепнувањето на комерцијалните операции на „Боинг“ по инцидентот во 2024 година, кога дел од трупот што покриваше дополнителен отвор на вратата падна за време на летот на 737 MAX 9.

Неговиот придонес особено се одрази во враќањето на довербата и поправката на односите со авиокомпаниите, кои беа нарушени од проблемите со безбедноста и контролата на квалитетот на авионите на Боинг.

Промените во менаџментот доаѓаат во време кога американскиот производител се стреми да го зголеми производството и испораките на комерцијални авиони.

Боинг испорача 57 авиони во септември, што е најголем број месечни испораки од почетокот на годината, во споредба со 51 авион во август и 55 во септември минатата година.