Amazon се обидува да ја загрози доминацијата на Nvidia на пазарот на чипови со вештачка интелигенција со нов софтвер

Американскиот технолошки гигант „Амазон“ претстави нова софтверска алатка која овозможува кодот од вештачката интелигенција (ВИ) да работи на неговите наменски чипови без потреба од нивно преправување.

На овој начин, „Амазон“ се стреми да ја намали предноста што ја има „Нвидија“ на пазарот на инфраструктура за ВИ компјутери, објавува „Ројтерс“.

Новата алатка, наречена „ТорчНеурон“, им овозможува на програмерите да извршуваат код напишан во програмската околина „ПиТорч“ на чиповите „Трајниум“ на „Амазон“ со само една промена на конфигурацијата и без потреба од препишување на кодот.