Франција обезбеди 200.000 тони дизел месечно од Емиратите и Бахреин

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, склучи договор за испораки од 200.000 тони дизел месечно од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин, објави денес Елисејската палата.

100.000 тони дизел месечно ќе бидат испорачани од ОАЕ, а истата количина ќе биде испорачана на францускиот пазар од Бахреин, објави Фигаро.

„Саудиска Арабија веќе пушти околу 95.000 тони, но само за месеците октомври и ноември. Вкупно, или 295.000 тони, претставува 10 проценти од потрошувачката на дизел во Франција“, се вели во соопштението.