
Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, денес изјави дека цените на авионските билети во Европа би можеле да пораснат за 20 проценти следната година, што, според негова проценка, би бил најголемиот скок на цените на патничкиот воздушен превоз во историјата на Стариот континент.
„Очекувам дека цените на авионските билети во Европа во следните 12 месеци ќе се зголемат за 10, 15, можеби дури и 20 проценти“, рече О’Лири на прес-конференција во Брисел.
Војната на Блискиот Исток предизвика скок на цените на авионското гориво, што ги намали профитните маржи на авиокомпаниите кои не ги заштитуваа цените на горивото однапред.










