Apple најави специјален настан за 28 октомври, се очекуваат нови MacBook Pro компјутери

Американската технолошка компанија Apple го најави својот втор специјален настан овој месец за 28 октомври, а експертите очекуваат презентација на нови модели на лаптопот MacBook Pro, вклучувајќи и верзија со екран на допир.

Поканите до медиумите го носат слоганот „Pro and tell“, што дополнително укажува на презентација на нови уреди од линијата на компјутери „MacBook Pro“, објавува GSM Arena.

Станува збор за игра на зборови што веројатно алудира на изразот „Show and tell“, што е израз за презентирање на нешто и објаснување на публиката, често користен во училиштата.