Европскиот градежен сектор закрепнува: Август донесе годишен раст од 2,6% на ниво на цела ЕУ

Сезонски прилагоденото производство во градежништвото во Еврозоната се зголеми во август за 1,4 проценти на годишно ниво, според прелиминарните податоци на Евростат.

Високградбата градежништвото во еврозоната се намали за 3,7 проценти на годишно ниво, додека нискоградбата беше стабилно, а специјализираните градежни работи се зголемија за 3,1 процент.

Во Европската Унија е забележан и раст на производството во градежништвото, за 2,6 проценти на годишно ниво.

Движења меѓу земјите од Европската Унија
Меѓу земјите од Европската Унија со достапни податоци, најголем годишен раст на производството во градежништвото е забележан во Романија од 39 проценти, Унгарија од 22 проценти и Финска од 12,7 проценти.

Спротивно на тоа, најголеми годишни падови се регистрирани во Франција од 7,8 проценти, Словачка од 4,9 проценти и Шпанија од 4,3 проценти.

На месечна основа, производството во градежништвото е зголемено за 1,8 проценти во Еврозоната и за два проценти во Европската Унија.
Во еврозоната, високоградбата е намалена за 0,4 проценти, нискоградбата за 2,1 процент, а специјализираните градежни работи се зголемиле за 2,5 проценти, според веб-страницата на Евростат.

Меѓу земјите што веќе ги објавија своите податоци, најголем месечен раст е забележан во Унгарија од 14 проценти, Германија од 9,3 проценти и Романија од 7,2 проценти, а најголем пад во Словенија од 5,1 процент, Словачка од 4,9 проценти и Италија од 2,9 проценти.

Новите месечни податоци ќе бидат објавени на 19 ноември.