Можно e спојување на Tesla и SpaceX

Американскиот милијардер Илон Маск  потврди дека SpaceX и Tesla официјално ја разгледуваат можноста за спојување, проценувајќи дека таков потег би имал смисла. Управните одбори составени од независни директори од двете компании започнаа разговори на барање на акционерите, кои на крајот ќе мора да одобрат каков било договор.

Веста ги зголеми акциите на SpaceX за 8 проценти во тргувањето по затворањето на берзата, додека акциите на Tesla пораснаа за 1,8 проценти. Маск, сепак, предупреди дека сè уште не е постигнат договор и дека спојувањето можеби воопшто нема да се материјализира.

Маск верува дека обединувањето на компаниите би овозможило подобра соработка во развојот на вештачката интелигенција, чиповите, роботиката и сателитските комуникации, како и инфраструктурата за обработка на податоци во вселената. Со оглед на тоа што тој поседува речиси една петтина од Тесла и нешто помалку од половина од СпејсИкс, спојувањето би му дало на Маск значителна контрола врз комбинираната компанија. Според извор запознаен со разговорите, разговорите започнале во последните недели, а една можност е СпејсИкс да ја преземе Тесла, која ангажирала инвестициска банка да ја советува за време на разговорите, пренесува Ројтерс.