
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини оствари работна средба со претставници на германската развојна банка KfW, на која беа разгледани можностите за продолжување и унапредување на соработката во енергетскиот сектор.
Во фокусот на разговорите беа можностите за вклучување на KfW во поддршката на нови проекти и активности во текот на следната година, како и прегледот на тековните проекти, нивната реализација и досегашниот напредок.
Посебно внимание беше посветено на можностите за обезбедување техничка помош и експертска поддршка за потребите на Министерството, со цел зајакнување на институционалните капацитети и унапредување на процесите за планирање и реализација на стратешките енергетски проекти.
Министерството за енергетика останува посветено на развивањето партнерства со меѓународните финансиски институции, кои придонесуваат за модернизација на енергетскиот сектор, зголемување на енергетската сигурност и забрзување на енергетската транзиција.
Соработката со KfW претставува значајна основа за разгледување нови можности за инвестиции, размена на експертски знаења и поддршка на проекти од стратешко значење за енергетскиот систем на државата.













