ЕУ започна истрага против платформата за букинг за измама и лажни реклами

Европската комисија започна истрага за платформата за резервации на сместување Booking  за да утврди дали презема доволно мерки за борба против лажните реклами за сместување и фишинг измамите.

Постапката ќе се спроведува во согласност со правилата на Европската Унија за дигитални услуги, објави Ројтерс.

Истрагата е започната по прелиминарна проверка и анализа на извештаите за проценка на ризикот поднесени од компанијата оваа и претходните три години.