Синдикатите во Шкода го отфрлија планот за замрзнување на платите до 2030 година

Синдикатот на вработените во чешката компанија „Шкода Ауто“, која работи во рамките на германскиот автомобилски концерн „Фолксваген“, го отфрли предлогот за замрзнување на платите до 2030 година, како и можноста за откажување на бонусите, објави „Ројтерс“.

Претседателот на синдикатот „ОС КОВО“, Јарослав Повшик, на состанок со членовите на синдикатот изјави дека вработените нема да прифатат замрзнување на платите или укинување на бонусите, објави „Ројтерс“.

„Фолксваген“ планира да ги замрзне платите за околу 660.000 вработени низ целиот свет до 2030 година, соопшти работничкиот совет на групацијата претходно оваа недела, потврдувајќи ги претходните медиумски извештаи за планови за намалување на трошоците.