
Перу презентираше пакет економски мерки насочени кон ублажување на евентуалното забавување на економскиот раст поради временскиот феномен Ел Нињо, објави перуанскиот министер за економија Елмер Куба.
Компаниите погодени од ефектите на Ел Нињо ќе добијат поддршка во форма на обезбедување ликвидност и одложување на даноците, соопшти Куба на прес-конференција, истакнувајќи дека Перу има доволно фискален простор за финансирање на планираните мерки, пренесува Ројтерс.
„Не сите земји можат да го сторат тоа, само солвентните. Повеќето земји во светот не можат да одговорат на овој начин“, изјави Куба.










