Бројот на работници во индустријата падна за 2,9% во септември – кој индустриски сектор изгуби најмногу работници

Бројот на работниците во македонската индустрија во септември 2026 година бележи пад од 2,9% во споредба со истиот месец од претходната година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Бројот на работниците во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 7.6 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.9 %, а се зголемил за 1.5 % во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември
2026 година, во однос на септември 2025 година, се намалил во групите Енергија за 1.6 %, Капитални производи за 2.7 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.7 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 1.7 %.

Бројот на работниците во периодот јануари – септември 2026 во однос на периодот
јануари – септември 2025 година се намалил за 2.8 %.

Бројот на работниците во индустријата во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година е намален за:

  •   7.6 % во рударството и вадењето камен
  •   2.9 % во преработувачката индустрија

а зголемен за:

  •   1.5 % во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација