
Американската козметичка компанија „Естe Лодер“ денес ги зголеми своите прогнози за годишен раст на приходите и профитот, благодарение на постојаната побарувачка за луксузни производи за нега на кожата и парфеми пред празничната сезона, а акциите пораснаа за речиси три проценти пред отворањето на берзата.
Компанијата сега очекува нејзините органски приходи да пораснат помеѓу четири и 5,5 проценти во фискалната 2027 година, додека претходно предвидуваше раст од три до пет проценти, објавува Ројтерс.
Прилагодената прогноза за профитот е зголемена од опсег од 3,10 до 3,35 долари, до 3,20 до 3,45 долари по акција.
Во првиот фискален квартал до крајот на септември, приходите на „Есте Лодер“ се зголемија за седум проценти на годишно ниво на 3,72 милијарди долари, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите од 3,65 милијарди долари, пишува „Танјуг“.
Прилагодената добивка беше 72 центи по акција, додека аналитичарите очекуваа 51 цент.
Органските приходи на „Есте Лодер“ во Кина се зголемија за девет проценти на годишно ниво, исто како и претходната година, додека во Северна и Јужна Америка се зголемија за четири проценти, по пад од два проценти во истиот период минатата година.
Кинеските потрошувачи трошат сè повеќе пари на поскапи производи за нега на кожа, шминка и парфеми, наместо на други, попристапни луксузни производи.
Извршниот директор Стефан де ла Фавери ја насочи компанијата кон развој на нови производи, проширување на продажните канали и пазари, поголеми инвестиции во маркетинг и директен контакт со потрошувачите, како и намалување на трошоците.
Естe Лаудер, исто така, ја прошири онлајн продажбата преку платформите Amazon, Shopee и Tiktok Shop.











