Инфлацијата во Швајцарија се зголеми на 1,5 проценти во октомври, што е највисока од декември 2023 година

Годишната стапка на инфлација во Швајцарија се зголеми од еден процент во септември на 1,5 проценти во октомври, така што сега е на највисоко ниво од декември 2023 година, покажаа податоците објавени денес од Швајцарскиот федерален завод за статистика.

Инфлацијата ги надмина очекувањата на економистите, кои прогнозираа стапка помеѓу 1,1 и 1,4 проценти, објави агенцијата AWP.

Главен двигател на забрзувањето на инфлацијата беа енергетските производи, бидејќи нафтените деривати поскапеа за 40 проценти во октомври во споредба со истиот месец минатата година.