Кина повторно го сруши рекордот во увозот на руски гас

По втор пат од почетокот на ноември, Кина го надмина историскиот максимум на дневни испораки на природен гас од Русија преку гасоводот „Моќта на Сибир“, објави  рускиот енергетски гигант „Газпром“.

Во соопштението на компанијата се наведува дека новиот рекорд е постигнат на 3 ноември, само два дена по претходниот, објави Интерфакс.

Испораките се вршат во рамките на долгорочниот договор за купопродажба на природен гас помеѓу „Газпром“ и Кинеската национална нафтена корпорација.

Откако гасоводот „Моќта на Сибир“ го достигна проектираниот капацитет од 38 милијарди кубни метри гас годишно, неговиот транспортен капацитет постепено се зголемува со изградба на дополнителни паралелни делници, познати како „лупини“, како и со проширување на производствените капацитети во гасните центри во Јакутија и Иркутската област.

Газпром и CNPC пред една година постигнаа договор за постепено зголемување на годишните испораки на гас во Кина преку овој гасовод на 44 милијарди кубни метри. Нови количини, во согласност со договорот, почнаа да пристигнуваат во Кина во декември 2025 година.

Газоводот „Силата на Сибир“ претставува клучен пат за извоз на руски природен гас на кинескиот пазар, особено по намалувањето на испораките преку рускиот гасовод во Европа.