
Банката на Англија (БоЕ) денес објави дека ја зголемила референтната каматна стапка за 25 базични поени на четири проценти, поради континуираниот раст на глобалните цени на енергијата и очекуваното забрзување на инфлацијата во Велика Британија.
Ова е прво зголемување на каматната стапка во Велика Британија по повеќе од три години.
Монетарната комисија на централната банка ја донесе одлуката на седницата со јасно мнозинство од 8-1, при што еден член на комисијата се залагаше за уште позначајно зголемување на каматните стапки, за 50 базични поени на 4,25 проценти.











