Производствените цени во септември скокнаа за над 11%

Индустриските цени на производителите во еврозоната се зголемија за 11,1 проценти на годишно ниво во септември, забрзувајќи се во споредба со растот од 8,2 проценти од претходниот месец, според првата прелиминарна проценка на Евростат објавена денес.

На ниво на Европската унија е регистриран годишен раст од 10,9 проценти.

Според моменталните податоци, цените на производителите во Еврозоната истовремено се зголемија за 2,5 проценти на месечно ниво, а во Европската унија за 2,6 проценти.