
Министерството за труд на Шпанија денес го објави конечниот предлог на одлуката според која минималната плата ќе се зголеми за 5,3 проценти во 2027 година, што ќе ја доведе основната бруто месечна плата до 1.286 евра во 14 исплати, или 18.004 евра на годишно ниво.
Новото зголемување на минималната плата претставува месечно зголемување од 65 евра во споредба со сегашната вредност и ги надминува официјалните препораки на експертската комисија, која предложи зголемување од 4,9 проценти, објавува Паис.
Министерството објасни дека на предложеното зголемување се додадени 0,4 процентни поени за да се компензира загубата на куповната моќ што ја претрпеа работниците во текот на 2026 година поради стапката на инфлација што беше повисока од претходното прилагодување на платите.











