Јапонци сакаат да го купат производителот на Jim Beam

33

beamЈапонската компанија Suntory Holdings Ltd соопшти вчера дека нуди 13,6 милијарди долари во кеш за акциите на американски Beam Inc, јавува Ројтерс.

Целата зделка, заедно со акциите и долгот на Beam, вреди 16 милијарди и треба да се затвори во втората половина од годинава.

Извршниот директор на Beam, Мат Шаток и менаџерскиот тим ќе продолжат да го водат бизнисот од седиштето во близина на Чикаго, велат од компаниите.

Двете компании веќе соработуваат, Suntory ги дистрибуира производите на Beam во Јапонија, а Beam ги дистрибуира производите на Suntory во Сингапур и други азиски пазари.