Лагард: Инфлацијата веројатно ќе остане висока

Инфлацијата веројатно ќе остане висока во блиска иднина и Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ја разгледа деталната структура на базичната инфлација за да ги утврди своите следни чекори во однос на каматните стапки следниот месец, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

Таа изјави дека не може со сигурност да каже дали ЕЦБ ќе ги зголеми каматните стапки во декември, но истакна дека ќе бидат потребни значителни промени за ситуацијата да се одвива поинаку од она што таа го очекува.

„Знаеме дека стапките на инфлација ќе останат високи во наредните квартали“, изјави Лагард во интервју за јапонскиот весник „Јомиури Шимбун“.