
„АЛТА банка“ АД Битола информира дека мобилното и електронското банкарство се повторно во функција.
Во оваа фаза, преку мобилното и електронското банкарство е овозможен увид и следење на состојбата на вашите сметки, додека останатите функционалности сè уште не се достапни.
Интензивно работиме на постепено воспоставување на сите услуги и целосна функционалност на мобилното и електронското банкарство, соопштија од банката.
За сите понатамошни подобрувања навремено ќе информираат, наведуваат од банката.












