
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во споредба со претходниот месец, изнесува 0,4%, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). На годишно ниво, односно во споредба со октомври 2025 година, трошоците на животот бележат зголемување од 3,3%, додека индексот на цените на мало бележи раст од 3,2%.
Во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 2.5 %, Рекреација, спорт и култура, Облека и обувки за 1.2 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0.3 % и Здравствена заштита за 0.1 %.
Намалување на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, е забележано во групите: Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 1.3 %, Ресторани и услуги за сместување за 0.7 %, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.5 % и Транспорт за 0.3 %.
Трошоците на животот во групите: Услуги за образование, Осигурување и финансиски услуги и Информации и комуникации остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во октомври 2026 година во однос на септември 2026 година изнесува 100.2. Индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на октомври 2025 година, бележи зголемување од 3.3 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.2 %.
Во октомври 2026 година во однос на септември 2026 година:
Стапката на инфлација е 0.4 %
Во групата Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици е 2.5 %











