
Германската влада ќе плати 6,6 милијарди евра за да стекне 50 проценти од акциите во француско-германската воена компанија KNDS, производител на тенковите Leopard 2 и Puma.
Владата во Берлин планира да ги запечати клучевите за технологијата во производството на оклопни возила и да го зачува паритетот со Франција како втор косопственик, објавува Tageschau.
Влијанието на целосната државна контрола врз три производствени и еден логистички погон во Касел, каде што работат околу 2.000 луѓе, засега е неизвесно, велат германските медиуми, повикувајќи се на анонимни парламентарни извори.











