
Европските берзи утрово го забележаа третиот последователен ден на раст, а цените на нафтата, златото и пченицата исто така забележаа благ пораст.
Според податоците на берзата во 8:30 часот наутро, цената на Брент малку се зголеми за 0,49 проценти на 91,97 долари за барел, а американската нафта WTI порасна за 0,20 проценти на 86,25 долари.
Германскиот DAX, францускиот CAC 40 и италијанскиот FTSE индекс се во пораст, додека рускиот MOEX и британскиот FTSE се во пад од околу 0,20 проценти.
Цената на златото се искачи на 4.071,05 долари за тројанска унца, а цената на пченицата на 5,9875 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).
Европските фјучерси за гас за декември беа продадени денес на отворањето на Амстердамската берза TTF по цена од 80,475 евра за мегават-час, или околу 845 евра за 1.000 кубни метри, со коефициент од 10,5 MWh/1.000 m³.











