
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денес изјави дека фосилните горива треба да исчезнат, како диносаурусите, и предупреди на влијанието на „нивното лоби“ кое, како што изјави, се обидува да ја забави борбата против климатските промени.
„Како и диносаурусите, фосилните горива треба да исчезнат“, рече Антонио Гутереш на годишниот самит на ОН за климата COP31 во Турција.
Тој оцени дека ова нема да се случи само по себе, обвинувајќи го лобито за фосилни горива за спроведување стратегија насочена кон „искривување на науката, одложување на одлуките, одложување на дејствувањето и одложување на одговорноста“, пренесува BFM TV.
На конференцијата за климата COP31, која се одржува од 9 до 20 ноември во Анталија, со учество на претставници на повеќе од 190 земји, се дискутираат можностите за забрзување на глобалната борба против климатските промени.











