Холандија има златни резерви вредни повеќе од 70 милијарди евра

Холандија има златни резерви во вредност од повеќе од 70 милијарди евра, но земјата нема јасно дефинирани правила за тоа како нејзините резерви би можеле да се користат во случај на криза или војна, предупреди холандскиот суд на ревизори, наведувајќи дека централната банка (ДНБ) не постигнала договор со министерот за финансии.

Вредноста на холандските златни резерви се зголеми седум пати од 2010 година и сега надминува 70 милијарди евра, пишува NL Times.

Холандија има 612,4 тони злато, што централната банка го смета за финансиска поддршка во кризни ситуации и за време на војна, кога другите средства, како што се готовината и акциите, би можеле да изгубат вредност.