
Вкупниот промет во индустријата во септември 2026 година бележи годишен раст од 5,4 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Прометот во индустријата, вкупно, во септември 2026 година во однос на септември 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.6 %, Капитални производи за 9.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 3.0 %.
Во септември 2026 година прометот во индустријата, вкупно, во однос на август 2026 година, бележи пораст од 25.1 %, додека во периодот јануари – септември 2026 година, во однос на периодот јануари – септември 2025 година, бележи пораст од 3.3 %.
На домашниот пазар во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година прометот во индустријата, бележи пораст од 5.5 %, додека во периодот јануари – септември 2026 година, во однос на периодот јануари – септември 2025 година, бележи пораст од 4.1 %.
Прометот во индустријата на странските пазари во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, бележи пораст од 5.6 %, додека во периодот јануари – септември 2026 година, во однос на периодот јануари – септември 2025 година, бележи пораст од 3.4 %
Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, имаат одделите:
• Производство на прехранбени производи со 0.8 %,
• Производство на електрична опрема со 4.7 %,
• Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 19.5 %.











